страна: 1 2 3 4 5 6 7

23.05.2005
Љуботен" ќе однесе во Хаг и други функционери

Хашкото обвинителство најверојатно ќе го прошири обвинението за случајот "Љуботен" и врз други поранешни и сегашни функционери, дознаваме од извори во Хашкиот суд.
- Премногу е наивно одговорноста за случувањата во Љуботен во 2001 година да биде сведена само врз поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски и телохранителот на поранешниот претседател на државата, Јохан Тарчуловски, бидејќи во селото дејствувале и Армијата и Полицијата.
Бошковски за време на својот мандат дозволил да се изврши испитување на активностите на безбедносните сили во Љуботен и тоа во еден дел претставува олеснителна околност за него. Во Хаг нема да дозволат Судот преку случајот "Љуботен" на кој било начин да биде ставен во функција на внатрешнополитички пресметки во Македонија - велат тие извори.
Адвокатот на Бошковски, Драган Гоџо, се врати од Хаг со доказниот материјал што го добил од Обвинителството на Судот.
- Во затворот Шевенинген повеќе од седум часа со Бошковски го разгледувавме доказниот материјал. Материјалот е обемен и најсложена е токму оваа фаза од подготовката на одбраната. Но има доволно време да се подготвам до продолжението на судењето. Љубе го поминува времето во проучување на доказниот материјал и работи со мене како да ми е колега, а не клиент - изјави Гоџо.
Според адвокатот, она што најмногу го измачува Бошковски е барањето на Обвинителството тој да остане во притвор до завршувањето на судската постапка, која се одвива многу бавно. Гоџо побарал од Хашкиот суд да му овозможи на Бошковски да се брани од слобода, но Владата се уште не ги доставила потребните гаранции што ги бара Судот.
Мирјана Илиева, портпаролка на Министерството за правда, вели дека тече постапката за прибирање на потребните документи за Бошковски и за Тарчуловски од МВР, од Судот и Обвинителството.
- Кога ќе биде собрана документацијата, Министерството ќе ја испрати до Владата и таа на седница треба да одлучи за нивното доставување во Хаг - објаснува Илиева.

Според неа, Владата треба да најде форма на кој начин на семејствата на Бошковски и на Тарчуловски ќе им се исплаќа помошта за нивната одбрана.

Дневник

 

11.06.2005
Владата сепак не гарантира за Бошкоски

 

Хашкото обвинителство презентира нови сознанија во врска со бегството на ексминистерот од Македонија во 2004 година
Бошкоски останува во Хаг поради ланското бегство од Македонија
Поединци од македонската полиција му помогнаа на Љубе Бошкоски да избега од Македонија во Хрватска , тврди Обвинителството на Хашкиот трибунал , аргументирајќи зошто ексминистерот , кој е обвинет во Хаг , не треба да биде пуштен да се брани од слобода во Македонија . Ваквото тврдење , Обвинителството го темели и врз изјавите дадени од самиот Бошкоски , во интервју за австралиска телевизија по бегството од Македонија , откако беше обвинет за " случајот Раштански Лозја ". По бегството на Бошкоски од Македонија , се огласи тогашниот министер за внатрешни работи , Хари Костов , кој тврдеше дека ексминистерот илегално побегнал од земјава на 1 мај 2004 година . „ Морам да кажам дека за тоа што Бошкоски избега од Македонија , МВР нема никаква вина ", изјави тогаш Костов , најавувајќи дека во „ соодветно време ќе бидат презентирани документи кои ќе покажат дека за тоа нема одговорност во МВР

БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ
Поединци од македонската полиција му помогнаа на  Љубе Бошкоски да избега од Македонија во Хрватска, тврди Обвинителството на Хашкиот трибунал, аргументирајќи зошто ексминистерот, кој е обвинет во Хаг, не треба да биде пуштен да се брани од слобода во Македонија. Ваквото тврдење, Обвинителството го темели и врз изјавите дадени од самиот Бошкоски, во интервју за австралиска телевизија по бегството од Македонија, откако беше обвинет за  ?случајот Раштански Лозјааи.
По бегството на Бошкоски од Македонија, се огласи тогашниот министер за внатрешни работи, Хари Костов, кој тврдеше дека ексминистерот илегално побегнал од земјава на 1 мај 2004 година.  ?Морам да кажам дека за тоа што Бошкоски избега од Македонија, МВР нема никаква винааи, изјави тогаш Костов, најавувајќи дека во  ?соодветно време ќе бидат презентирани документи кои ќе покажат дека за тоа нема одговорност во МВРРи.
Костов, кој во меѓувреме се врати на старата функција генерален директор на Комерцијална банка, вчера не сакаше да коментира ништо во врска со овој случај. Во МВР официјално негираат дека припадници на полицијата му помогнале на Бошкоски да ја напушти државата...?Немаме информација дека МВР помагало, што не значи дека некој вработен во полиција на некој начин не помогнал, но таков документ и доказ не постоиии, ни изјави Горан Павловски, шеф на кабинетот на актуелниот министер за внатрешни работи.
Обвинителот Кенет Скот, чиј потпис стои на документот на Обвинителството упатен до Судскиот совет на Трибуналот, е убеден дека не може да се очекува од Бошкоски да соработува со властите во Македонија и покрај тоа што напомнува дека македонската Влада претходно веќе еднаш не успеала да го задржи обвинетиот на сопствената територија, заклучува и дека  ?на обвинетиот му било овозможено да побегне од Македонија со помош на одредени членови на македонската полиција, и покрај обвинението за сторено кривично делоои.
Бошкоски во текот на истрагата во Пула тврдел дека ја напуштил Македонија откако добил информации од полициски извори дека треба да биде одведен на границата меѓу Македонија и Србија и да биде ликвидиран. Обвинителството дополнително го пренесува и неговото интервју дадено за една австралиска телевизија во август 2004 година, каде што тој, меѓу другото, вели:  ?Тие ми наместија судење за да ме натераат да избегам преку граница, каде што или би ме уапсиле или би ме елиминирале. Јас добив информации за нивните планови. Оние што требаше да ми ги сторат овие работи, ме пуштија и нелегално ме пренесоа преку македонско-српската граница, по што јас тајно влегов во Хрватскааи, ќе рече тогаш пребеганиот ексминистер.
Како последно, но не и најмалку важно, според аргументацијата на Обвинителството, е непостоењето закон во Македонија за соработка со Хашкиот трибунал.  ?Оттука, и покрај добрите намери на одредени владини функционери, не постои законски режим во Македонија кој ќе обезбеди почитување на одлуките и директивите на Трибуналот од страна на државните властиии, заклучува Обвинителството.
Обвинителството на Трибуналот се сомнева и дека Бошкоски, доколку биде пуштен на слобода, во Македонија ќе живее во истото подрачје каде што престојуваат сите сведоци и жртви, со што  ?неизбежно ќе се зголеми можноста обвинетиот да претставува опасност за нив, имајќи ги  предвид неговите предиспозиции за насилничко однесувањееи. Самото негово присуство во областа каде што живеат сведоците и жртвите ќе создаде напната атмосфера и несигурност. Јасно е дека обвинетиот има големо влијание врз поединци во македонската полиција, бидејќи и самиот призна оти поединци од полицијата му помогнале да ја напушти Македонија, откако беше поведено обвинение за негова вмешаност во  случајот Раштански Лозја, пишува заменикот на Карла дел Понте во извештајот до Судскиот совет.

Утрински весникки веќе објави дел од одговорот на Обвинителството во Хаг на барањето на одбраната на Бошкоски тој да се брани од слобода. Адвокатот на Бошкоски, Драган Гоџо, поднел три жалби до судот во Хаг, во кои го оспорува легитимитетот на Трибуналот да му суди на неговиот клиент, ја оспорува формата на обвинителниот акт и бара Бошкоски да се брани од слобода. Во барањето  неговиот клиент да се брани од слобода, адвокатот на Бошкоски навел дека покрај македонската Влада и хрватските власти веќе дале вербални гаранции дека ќе гарантираат за него доколку биде пуштен од притворот во Шевенинген. Одбраната уште тврди и дека обвинетиот нема да претставува опасност, ниту пак ќе влијае врз сведоците или жртвите, и се повикува на неговото добро однесување пред Трибуналот.
Љубе Бошкоски да остане во затворот во Шевенинген до почетокот на судењето, а доколку сепак биде пуштен да се брани од слобода, неговата дестинација да биде затворот во Пула во Хрватска, а никако Македонија, реплицира Обвинителството до Судскиот совет, на ваквото барање на адвокатот Гоџо.
Судскиот совет при донесувањето на конечната одлука треба да ги земе предвид аргументациите на двете страни. Сепак, аргументацијата што ја користи Обвинителството за да го задржи Бошкоски во притвор, во еден дел, бегството на Бошкоски, не само што е скандалозна, туку и директно ги омаловажува речиси сите државни институции во Македонија. Обвинителството, накусо, смета дека македонската Влада е неспособна да го контролира Бошкоски на сопствената територија, дека во Македонија постојат проблеми со  ?редот и миротти, понатаму дека државата има проблем со заштитата на сведоците и жртвите, односно дека не може да го спречи Бошкоски да влијае врз нив, и дека нема закон за соработка со Трибуналот, поради што државата не може да обезбеди почитување на одлуките на Трибуналот на нејзина територија.
По ваквите тврдења на Обвинителството, станува сў поизвесно дека единствената опција е Хаг да му дозволи на Бошкоски да се врати во затворот во Пула, од каде, доколку случајот за кој  е обвинет таму добие разрешница, повторно би бил вратен во Хаг, но не и во Македонија. Во прилог на таквата можност деновиве во интервју за емисијата  ?Во центарри  говореше поранешниот адвокат на Бошкоски, Анто Нобило, а истиот епилог со сигурност го наведуваат и правни експерти од државава. 
Инаку, и адвокатот на Јохан Тарчуловски, Антонио Апостолски, поднел вкупно четири жалби до Судскиот совет на Трибуналот, со кои, покрај тоа што бара неговиот клиент да се брани од слобода, ги оспорува и јурисдикцијата на Трибуналот и обвинителниот акт. Последните две жалби Судскиот совет ги отфрлил уште на 1 јуни годинава, па оттука Обвинителството бара по иста основа да бидат отфрлени жалбите и на адвокатот на Бошкоски. Апостолски, кој деновиве престојува во Хаг, вчера ни изјави дека не е информиран дека Судскиот совет му ги отфрлил жалбите и најави оти очекува одлуката дали ќе му биде овозможено на неговиот клиент да се брани од слобода да биде донесена најдоцна за 30 дена. 

Утрински весник

 

>>TOP<<