страна: 1 2 3 4 5 6 7

18.03.2005

СПОРЕД СЕСТРАТА НА ЉУБЕ БОШКОСКИ
Во Хаг и се суди на Македонија

На прес-конференцијата на роднините на киднапираните и убиени Македонци присуствуваа и роднините и приврзаниците на ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Стојанка Настовска, сестрата на Љубе Бошкоски, рече: "Во Хаг се наоѓа Република Македонија, се суди таа, тоа е голем срам за Македонија како држава. Љубе Бошкоски е невин".
За денеска е најавено одржување и протестен митинг на Градскиот плоштад во Тетово со почеток во 13 часот, во знак на поддршка на Бошкоски пред неговото екстрадирање во Хаг.


Протест во Тетово за поддршка на Бошковски

Целосна морална и психолошка поддршка на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски пред неговото одење во Хаг, како и на четворицата притворени за случајот Раштански лозја, беше главна цел на денешниот мирен протест на главниот плоштад во Тетово.

Освен роднините и пријателите на Бошковски и четворицата притворени, меѓу организаторите беа и роднините на 12-те киднапирани и убиени Македонци од тетовско, да го изразат својот револт поради различниот аршин при третирањето на конфликтот од 2001 година.

„Под обвинението на Карла Дел Понте во Македонија пристигнаа 5 обвиненија за вршење на злостор против човештвото. Меѓутоа, што се случува? Денеска сме сведоци кога албанската политика силно влијае во Македонија и надвор од неа и за нивните 4 случаи нема денеска никакво обвинение, туку има само едно обвинение за нашиот брат Љубе за случајот Љуботен“, рече Марјан Јовановски, Граѓанско здружение за спас на Љубе Бошковски.

На митингот зборуваше и првиот советник на Бошковски, Зоран Крстевски.

„Кога народот излегува да протестира, аналогно има неправда. Тоа чувство, неправдата во себе, не се работи за никакви големи организации. Се работи за спонтани идеи, едноставно повик од неговите најблиски, од неговите другари, соборци и потоа веќе се вклучуваме ние, со Здружението за заштита на човековите права на брат Љубе“, изјави Зоран Крстевски, прв советник на Љубе Бошковски.

Организаторите најавија повеќе протести низ градовите во Македонија, а следниот го закажаа за вторник, пред Врховниот суд во Скопје.

 

>>TOP<<