17.02.2007
ДОПРВА ЌЕ СЕ РЕШАВА ЗА СВЕДОЦИТЕ НА БОШКОСКИ
( ВРЕМЕ)
Кој ќе биде на листата на сведоци на одбрана на Љубе Бошковски пред Хашкиот трибунал, адвокатот Драган Гоџо ќе одлучи откако ќе бидат сослушани сведоците на обвинителството.
- Во зависност од нивните сведоштва, ние ќе цениме кој ни треба за одбраната. Досега јас сум разговарал со 400 луѓе - вели Гоџо.
Неофицијално е најавено дека ќе сведочи и Американецот Џејсон Мико, кој подолго време живееше во државава.
- Ние се уште не сме разговарале со него. Колку што знам, тој во моментов не е во Македонија. Истото важи и за Бучковски - додаде Гоџо.
Бучковски веќе искажа подготвеност да сведочи.
Адвокатот не беше расположен да ја каже листата на потенцијални сведоци, но објасни дека има многу поранешни и сегашни функционери што се расположени за одбраната на Бошковски. Истото го вели и Едвина Рашидовиќ, втората адвокатка на Бошковски.
- Без консултација со обвинителот јас не смеам да соопштувам имиња. Но, можам да ви кажам дека стотина сведоци се согласија да сведочат за мојот клиент - вели Рашидовиќ.
Судењето на Бошковски е закажано за 16 април.
|