08.03.2007

Маневски ќе побара од Хрватска неделава да се врати „Раштански Лозја“

(УТРИНСКИ ВЕСНИК)

Министерот за правда, Михајло Маневски, очекува во текот на неделава да биде доставено барањето за повлекување на случајот „Раштански Лозја“ до Хрватска.

„Министерството подолго време го опсервира барањето за повлекување на предметот ’Раштански Лозја‘ од Хрватска, а побаравме и одредени известувања и од Основниот суд - Скопје 2. Се надевам дека во текот на неделава барањето ќе замине до Министерството за правда на Хрватска за да се достави предметот што сега е заведен во Жупанискиот суд во Пула“, изјави вчера Маневски. (П.Р.)